Водителката на X Фактор ја открива тајната за кратката коса

Loading...

Водителката на Х Фактор Адрија, Ана,  проговори за кусата коса и малата телесна тежина.Водителката Ана Грубин која одлично се снаоѓа во улогата на водителка на X фактор, веќе неколку емисии по ред, многумина ја критикуваат поради кусата  фризура и премалата телесна тежина.
На прашањето зошто ја скратила долгата коса за магазинот Hello таа изјави:
„Со месеци постепено ја потстрижував косата. Во основно училиште имав кратка коса и долго размислував да ја скратам, но некако се плашев. Сега сум доволно самоуверена, па си дозволив еден ваков експеримент.“
Кога е нејзината тежина во прашање Ана вели:
„Пред неколку месеци имав два килограми помалку и никој не коментираше дека сум преслаба, но тогаш не бев водителка на X фактор. Со години изгледам исто, можеби момчешката фризура што ја имам сега е виновна за впечатокот. Како и да е периодов добивам повеќе комплименти отколку критики.“

Кој е ваш фаворит на Х Фактор?
„Секако дека имам фаворит, но нема да го откријам неговото име. Комплиментите кои им ги упатувам на кандидатите во секоја емисија се искрени и едноставно неможам да ги задржам само за себе. Ако некој со тоа успее да заклучи кој ми е фаворит, нема да се бунам.“
Додека пак на прашањето кој и е омилен судија од жирито таа одговори:
„Веројатно не сакате да ме скарате со нив. Сите тие заедно ја сочинуваат снагата на Х Фактор. “
Водителката Ана Грубин која одлично се снаоѓа во улогата на водителка на X фактор, веќе неколку емисии по ред, многумина ја критикуваат поради куса

loading...
Loading...