ВОЈИН ПОВТОРНО ПРЕТЕРА: Ќе ја оставам Цеца на мира кога таа ќе …

Војин Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан од првиот брак, откри дека ќе престане да ја навредува Цеца на социјалните мрежи кога таа од презимето ќе го тргне Ражнатовиќ и ќе си го врати моминското презиме.Синот на покојниот Аркан не престанува да води војна против втората сопруга на неговиот татко, а бидејќи фановите на Цеца го замoлиле да ја остави на мира, тој им одговорил на својата Фејсбук страница.
„Повторно тргна дечурланата од фан клубот на мојата маќеа да ми го полни инбоксот. Практичен човек сум, па до некаде ги разбирам – ги боли вистината за нивната хероина. Љубезно им соопштив дека ќе престанам штом дотичната ќе го смени презимето и ќе им врати на моите браќа и сестри сѐ она што им го покраде. Единствено така ќе бидам исполнет и со задоволство никогаш повеќе нема да ја спомнувам“, објавил Војин.
Да потсетиме, Војин Ражнатовиќ во повеќе наврати има упатено тешки зборови и навреди на сметка на Цеца со објавување на навредливи и провокативни фотографии. Пејачката никогаш не му одговорила, но нејзините деца – Вељко и Анастасија, застанале во одбрана на нивната мајка и му возвраќале на полубратот на социјалните мрежи.Синот на покојниот Аркан не престанува да води војна против втората сопруга на неговиот татко, а бидејќи фановите на Цеца го замoлиле да ја остави

Пронајдете не на следниве мрежи: