Волци задавиле крави кај Пресека

Десетина крави се задавени синоќа во селото Пресека од волци кои  ги нападнале говедата и ги умртвиле.Сточарите кога дошле утрово ја забележале катастрофата кога на поголемо растојание меѓу себе ги здогледале мртвите животни. Велат ова не е прв пат да се случуваат вакви напади. Бараат да се преземе нешто со цел намалување на крволочните животни во овој дел од планината.
– Тука има три, понатаму има уште шест задавени крави. Незнам што се случува, само знам дека волците во овој дел многу напаѓаат, ги има во голем број па општината можеби треба да преземе нешто или да се организира хајка за да може да се изловат овие животни, вака не бива веќе, сточарите ќе се откажат нема да чуват стока веќе, вели  Стојанчо Соколов, сточар од Пресека.
Сточарите од село Пресека од изутринава ги информирале надлежните во Општината, ветеринарните служби и ловното здружение Осогово од Кочани.Направената штета допрва ќе се утврдува, велат сточарите, но јасно е дека  мора да се  стави крај на ваквите настани, заради животните и заради штетите кои што ги прават крволочните животни.
Ловното здружение „Осогово“ не е концесионер на ова место и затоа се оградува од било каква информација во врска со задавените крави.Сточарите кога дошле утрово ја забележале катастрофата кога на поголемо растојание меѓу себе ги здогледале мртвите животни. Велат ова не е прв пат

Пронајдете не на следниве мрежи: