ВОСОКОТ ОД УШИТЕ укажува на 4 можни здравствени проблеми

Дознајте на кои 4 проблеми може да упатува восокот од ушите.1. Восокот е воден и со зеленкаста боја
Ако сте се испотиле, воденестото течење од уво е веројатно резултат на пот која влегла во ушите и се помешала со восокот. Но, ако не сте се испотиле, а восокот е воден и зеленкаст или темно жолт, тоа може да упатува на инфекција во увото.
2. Восокот има силен мирис.
Може да станува збор за инфекција или оштетување на средното уво. Тоа може да предизвика бројни симптоми кои лекарите го нарекуваат хроничен отитис медиа. Еден од симптомите може да биде исцедок од увото непријатен мирис, а доколку се работи за воспаление на средното уво може да забележите проблем со рамнотежата, ѕвонење во ушите или да имате чувство дека увото ви е полно или зачепено. Доколку ги забележите овие симптоми, одете на лекар.

 

3. Забележувате кога восокот тече од увото
 Инфекциите или раните во ушното тапанче може да предизвикаат абнормален раст на кожата наречен колестеатом. Во увото се формира израсток кој наликува на цисти што резултира со тоа восокот од  увото да го пополни ушниот канал. Во овој случај, наместо незабележителен исцедок на каков што сме навикнати, исцедокот од увото може да дојде во форма на протекување или грутки. Притисокот и болка во увото, исто така е симптом на колестеатом.
4. Немате восок во ушите
Непостоење на восок во ушите може да биде знак на ретка и недоволно истражена состојба наречена кератитис обтурнас. Во оваа состојба, восок во ушите, наместо постепено сам да излегува надвор од ушите, се  таложи  во внатрешноста на увото додека не се создаде тврд чеп. Симптомите вклучуваат болка и чувство дека ушите се полни.1. Восокот е воден и со зеленкаста боја
Ако сте се испотиле, воденестото течење од уво е веројатно резултат на пот која вл

Пронајдете не на следниве мрежи: