Вознемирувачки фотографии: „Синот не смеам да го погалам, ќе му отпадне кожата“

Риз Вилијамс (8) од Болтон, Велика Британија боледува од неизлечива болест поради која и при најмал допир кожата му се покрива со пликови и почнува да се лупи.Притоа,  на  телото му се отвораат рани, а болките се толку јаки што некое време добивал и морфиум. Мајката не смее ниту да го гали ниту да го бакнува, а бањањето што трае и по три часа е вистинско мачење за него.
-Се чувствувам како најлоша мајка на светот кога ќе дојде време за бањање. Душата ме боли кога го гледам како вреска и се превиткува од болки. Во еден период земаше морфиум за да ја издржи болката, но тој е вистински мал борец и сега одбива да зема средства против болки. Понекогаш пие само парацетамол – вели мајката Тања Мурс.
 Риз од раѓање пати од булозна епидермолиза, наследна болест карактеристична по силната чувствителност на кожата и слузокожата, поради што на неа се прават пликови и рани. Ова е резултат на вродениот недостаток на протеини во кожата кои се одговорни за поврзување на различните слоеви и келии.
Риз е целиот во завои, не може да си игра надвор со други деца, да оди на одмор и на роденденски прослави, па дури ни во шопинг со мајката и таткото Марко (45) и 18-месечната сестра Тиган.
Се храни со сонда, бидејќи конзумирањето на цврста храна може да доведе до создавање пликови во желудникот.
Покрај сите тешкотии кои му ги создава самата болест, на малиот Риз сега му се јави друг проблем: почна да се срами поради својата болест и многу му е непријатно кога луѓето го загледуваат.

-Мамо покриј ме. Оваа жена ме гледа – рекол во една прилика, се потсетува неговата мајка.
За среќа, има и светли примери на хуманост. Кога дознале за судбината на малиот Риз припадниците на локалната противпожарна единица се потрудија да му приредат посебно доживување. Кога без да знае што го очекува, дошол со мајката во противпожарната единица тие му дале унифрома и го прогласиле за почесен пожарникар на градот Болтон.
Откако дознал дека две деца претходно починале од оваа болест, Риз си направил список на желби кои би сакал да му се исполнат до крајот на животот. Меѓу другото посакува да отпатува во Шпанија, да оди на одмор на Флорида, да игра фудбал со играчите на Ливерпул и родителите да му одат на одмор.Притоа,  на  телото му се отвораат рани, а болките се толку јаки што некое време добивал и морфиум. Мајката

Пронајдете не на следниве мрежи: