Вознемирувачко фото: Мачено и одрано куче во Чаир, за пронаоѓање на монструмот следува награда!

Страотен призор на убиено куче фрлено на улица, возрасно животно – мачено, дерено, оставено во кутија со префрлена кеса на главата ги дочека жителите на Чаир вчера, на улица „Крсте Арсенов“ бр 5, позади стадионот во Чаир кај зградите.
Веднаш е пријавено во полиција и полицијата од Чаир ургентно дојде на самото место, заедно со крим техничари.
-За сега не можеме да кажеме ништо освен очигледното – монструм хара низ улиците на Чаир, умоболен, насилен, психопат, кој ова не го сторил со сигурност прв пат, зошто кожата е професионално одрана. Огромна благодарност за полицијата, крим техниката кои веднаш, максимално сериозно пристапија кон истрага и ги молиме да бидат упорни за да се фати сторителот и добие најстрога казна затвор, стои во соопштението на Анима Мунди.
За секое сведошво кое ќе може да помогне за да се фати и најстрого казни овој монструм, Анима Мунди нуди финансиска награда од 500 евра.
Погледнете ја фотографијата:

Пронајдете не на следниве мрежи: