Вознемирувачко видео: Жив изгорел на карневал, присутните мислеле дека тоа е дел од претставата

Минатиот четврток, маскиран учесник на карневал на Ноќта на вештерките во Западен Холивуд, се запалил пред стотици луѓе и починал следниот ден од последиците на повредите. Вознемирувачката снимка на човекот што стоел во непосредна близина покажува дека луѓето околу него мислеле дека сето тоа е дел од претставата, па не се ни обиделе да му помогнат, пренесува Дејли мејл.
Видеото се појавило во неделата на Јутјуб, заедно со информација како сведоците можат да стапат во контакт со полицијата.
Видеото почнува на една од бините на булеварот Санта Моника, а во 23-тата секунда на снимката се гледа моментот кога Естрада одеднаш се запалил и истрчал кон толпата луѓе кои се раздвоиле за да го избегнат. На крајот Естрада паднал на земја а околу него се собрале луѓе. Дел од нив се обиделе да го изгасат огнот, додека дел од нив му се смееле.
„Дали ова навистина се случува?“, упорно прашува еден од присутните на крајот на снимката.

ВНИМАНИЕ: Видеото е со вознемирувачка содржина!

Сѐ уште не знаеме дали станува збор за несреќен случај или за намерно злосторство. Сакаме да ги прегледаме сите направени снимки за да утврдиме што навистина се случило“, изјавил Ричард Пења, портпарол на канцеларијата на шерифот на Лос Анџелес.
Карневалот за Ноќта на вештерките се одржува секоја година во Западен Холивуд и го посетуваат стотици илјади луѓе.Вознемирувачката снимка на човекот што стоел во непосредна близина покажува дека луѓето околу него мислеле дека сето тоа е дел од претставата, па н

Пронајдете не на следниве мрежи: