Вработените во Кнауф даруваа крв

Во склоп со хуманиот аспект од општествената одговорност на компанијата, дел од вработените во Кнауф учествуваа во крводарителска акција и со тоа ја покажаа својата солидарна страна.„Кнауф како компанија покрена иницијатива за организирање на ваква акција пред неколку години и веднаш наидовме на голема поддршка од страна на нашите вработени кои покажаа иницијатива и голема мотивираност за учество во овој хуман настан. Со континуираните крводарителски акции за нашите вработени во Скопје и Дебар, што се одржуваат веќе неколку години по ред, крводарителството во Кнауф прераснува во традиција што е секогаш поздравена и позитивно прифатена“, изјавија претставници од Кнауф.
Хуманоста претставува доблест кај сите луѓе. Тоа го покажуваат вработените на Кнауф со спроведувањето на овие крводарителни акции за донирање на најскапоцената течност, при што директно се помага онаму каде што е најпотребно.
Оваа крводарителска акција е спроведена во соработка со Републичкиот завод за трансфузиологија од Скопје.„Кнауф како компанија покрена иницијатива за организирање на ваква акција пред неколку години и веднаш наидовме на голема поддршка

Пронајдете не на следниве мрежи: