Врач од Гана стои зад повредите на Роналдо!

Мистериозно делуваат повредите на Кристијано Роналдо, од кои најдобриот светски фудбалер за 2013 година не може да крене глава во последните неколку месеци. Португалците денеска обелоденија дека тој истовремено санира две различни повреди, се пореални се стравувањата дека Кристијано нема да биде подготвен за стартот на мундијалот, а од Африка стигнува интересна информација околу причината за ваквата здравствена состојба на Роналдо.
Имено, врачот од Гана со име Нана Кваку Бонсам тврди дека токму тој е „виновникот“ за повредите на членот на Реал Мадрид, бидејќи со зли духови се грижи тој да не биде во можност да игра против оваа африканска селекција.

„Знам што е причината за повредите на Кристијано Роналдо, јас работам на нив. Сериозен сум кога ви велам, минатата седмица најдов четири кучиња и со нивна помош создадов посебен зол дух „Кахвири Капам“. Уште пред четири месеци најавив дека ќе работам на Кристијано Роналдо и ќе го исфрлам од Светското првенство, или барем ќе го спречам да не игра против Гана. Оваа повреда не може да ја излечи ниту еден лек, ниту пак доктор, бидејќи е духовна. Денеска е проблемот во коленото, утре во мускулот, задутре нешто сосема трето“ – вели Кваку Бонсам.
Португалија и Гана својот меч ќе го играат на 26 јуни, па интересно ќе биде да се види дали магијата на африканскиот врач ќе вроди со плод.Португалците денеска обелоденија дека тој истовремено санира две различни повреди, се пореални се стравувањата дека Кристијано нема да биде подготв

Пронајдете не на следниве мрежи: