Временска прогноза: Еве каква пролет не очекува

Умерено топла и врнежлива во рамки на просекот ќе биде оваа пролет во Македонија, информираат од УХМР според нивните прогностички материјали кои се преземаат од Европскиот Центар за Среднорочна прогноза на времето, а врз основа а стручните анализи и методи кои се применуваат во Секторот за метеорологија.Сезонскиот изглед на времето за периодот март, април и мај 2017 покажува дека постои поголема веројатност за нешто повисоки температури на воздухот од просечните, но тоа надминување нема да биде повеќе од 1-2 степени Целзиусови. Количината на врнежи оваа пролет се очекува да биде во рамките на просекот, со поголема веројатност на позитивно надминување во источниот дел од републиката, информираат од УХМР.
Во соопштението се вели дека постои многу малку зголемена веројатност (25-40%) за појава на екстреми во однос на температурите.
-Просечните сезонски температури за пролет (период 1981-2010 година) во Македонија се движат од 6,2 степени во Маврово и Лазарополе до 14,1 во Гевгелија. Измерените врнежи се движат о граница од 118,7 mm во Скопје до 251.6 mm во Лазарополе, информираат од Управата.
Според прогноза на времето до крајот на мерт ќе преовладува релативно топло време. Особено топло ќе биде во почетокот на последната декада во месецот, кога се очекува температурите да бидат над просекот за овој период од годината.Сезонскиот изглед на времето за периодот март, април и мај 2017 покажува дека постои поголема веројатност за нешто повисоки температури на воздухот

Пронајдете не на следниве мрежи: