Врската помеѓу семејствата Терезиќ – Ражњатовиќ, стигнаа дури и на анализа кај психолог!

Последниов месец актуелни се семејствата  Ражњатовиќ и  Терезиќ, поточно децата на пејачката Светлана Ражњатовиќ, која ја сметаат за една од најголемите балкански музички ѕвезди, и децата на Звездан Терезиќ, поранешен фудбалер, директорот на ОФК Белград и поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.Поради своите професии, функции и кариери Цеца и Звездан Терезиќ имаат значително  влијание на голем број на млади во Србија и регионот, па затоа се претпоставува дека би требале да ги држат под контрола нивните деца, пишуваат регионалните медиуми.

Од медиумиските анализи дојдено е до констатација дека во последно време во центарот на вниманието на јавноста се  поголемо место заземаат децата на познатите отколку тие самите. Додека во странство познатите родители во главно се обидуваат да ги заштитат своите деца од очите на јавноста, во балканскиот регион, по се изгледа, токму јуниорите се на „вечен распуст“, сметаат  психолозите и телевизиските аналитичари во Србија.

Тука  е и прашањето на пубертетот, па освен што хормоните летаат на сите страни, благодарение на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм добиваме исцрпни извештаи за тоа што јуниорите на познатите прават, речиси од минута во минута. По се изгледа дека овие тинејџери ја превземаа славата од нивните родители, што се оценува како загрижувачки феномен.
Ова прашање има неколку нивоа на значење. Како прво, децата на познатите родители во Србија и регионот, особено на тие од светот на естрадата, стануваат составен дел од нивната медиумска презентација. Ги гледаме веднаш по нивно раѓање, како излегуваат од породилиште со нивните мајки, кои имаат линија како да никогаш не се породиле.

Оваа пракса е бесмислена и целосно грешна зошто испраќа една изобличена претстава  за мајчинство како за болест која  го уништува изгледот на жената. Децата се дел од јавната личност на познатите , имате фотографија на бебе, куќа, мебелот – приватната сфера на познатите. Факт е дека вистинските големи ѕвезди се обидуваат да ги заштитат нивните деца од притисокот на јавноста, додека кај нас децата се дел од декорот. Детето се користисо цел  јавните личности да се прикажат како обичните луѓе, или традиционалисти или примерни родители.  Да заклучиме, децата стануваат жртви на бркање на јавната и приватната сфера на естрада. Дете станува материјал за трговија на приватноста, како во „Големиот брат“, вели српски психолог и ТВ критичар.Поради своите професии, функции и кариери Цеца и Звездан Терезиќ имаат значително  влијание на голем број на млади во Србија и регионот, па за

Пронајдете не на следниве мрежи: