Врвот на конкурентноста – новите Audi S4 и S4 Avant

– Ново развиен V6 турбо мотор со 260 kW (354 КС),
– Поголема ефикасност, повеќе спортски дух со помала потрошувачка,
– Quattro погон, за динамиченo и прецизно возачко искуство.Од 0 до 100 km / h за 4,7 секунди, со потрошувачка на гориво помалa од 7,4 литри гориво на 100 km – новиот Audi S4 и новиот Audi S4 Avant се на врвот на конкурентноста на полето на силни перформанси и ефикасност. Ново развиениот турбо V6 мотор произведува 260 kW (354 КС). Вклучени се нови решенија за поврзување и системи за помош на возачот. Audi ги пренесува технологиите од повисоките класи во класата на автомобили од средна големина.
Лесен и моќен: 3.0 TFSI мотор
Големото срце на двата нови S модели од Audi е ново конципираниот мотор 3.0 TFSI. Бензинскиот мотор со директно вбризгување со турбо полнач има моќност од 260 kW (354 КС) со вртежен момент од 500 Nm кој се добива помеѓу 1.370 и 4.500 вртежи во минута. Во однос на моќноста и вртежниот момент тој ги надминува перформансите претходниот модел, додека пак со значително помала тежина автомобилот има одлични перформансите има ниска потрошувачка на гориво.
Турбо V6 моторот кој се вградува кај Audi S4 забрзува од 0 до 100 km / h за само 4,7 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km / h. Спринтот до 100 km / h на S4 Avant трае две десетинки од секунда повеќе. Во стандардите на NEDC, S4 троши само 7,4 литри гориво на 100 km, што е еднакво на помалку од 170 грама CO2 на километар. Audi S4 Avant троши 7,5 литри на 100 km, додека пак емисијата на CO2 изнесува 175 грама на километар.Од 0 до 100 km / h за 4,7 секунди, со потрошувачка на гориво помалa од 7,4 литри гориво на 100 km – новиот Audi S4 и новиот Audi S4 Avant се на врв

Пронајдете не на следниве мрежи: