Втор дел од пораките со Рада: Дали е ова ДОКАЗ дека Зоран Марјановиќ е…

Зоран Марјановиќ, сопругот на свирепо убиената пејачка Јелена Марјановиќ, наводно  се допишувал со Рада М. Од Виена. Од  пораките кои  ги размениле може да се заклучи дека овој  Борчанин е верски  фанатик, чии ставови и изрази потсетуваат  на секташтво.Зоран ноќта помеѓу 10 и 11 мај, непосредно пред 40- дневниот помен на својата сопруга, со  часови се допишувал со Рада М. на која и пишувал за „праведниците, Витезите на Христа кои го најавуваат неговото  повторно доаѓање“.
Зоран и  оваа девојка почнале да се допишуваат на полноќ, а после три часа континуирани  пораки со  сексуален тон, почнале да разговараат  за Јелена.

„Бог имал свои причини. Можеби  Јела ја чекало  некое поголемо зло, па ја тргнал. Тоа го  кажав многу глупаво, извини, не знам да објаснам“, напишала таа, а Марјановиќ одговорил:
„Умно… Не знам можеби е спасена од нешто“.
После некое време пораките добиле верски карактер:
„Предобра си Радо… не џабе  си  покрај мене, но биди  подготвена на искушенија. Праведни  се  витезите на Христа кои  го  најавуваат  неговото повторно  доаѓање. Ја чувствуваш ли  силата на  творецот, светиот татко? Испрати  му љубов на таткото  свој  небесен и  ќе ја почувствуваш силата која се спушта на тебе… и  понатаму  се што  ти е потребно… И  од тогаш творецот ги  превзема чекорите твои и  точно знае како  да не скршнеш од патот на светлината… Во ова време тоа клучот на спасението“, испратил неколку пораки Зоран, за допишувањето да заврши во 3:51 часот и така што  на крај и  пратил срце.
 Шест  часа подоцна, бил на гробот на својата убиена сопруга Јелена.Зоран ноќта помеѓу 10 и 11 мај, непосредно пред 40- дневниот помен на својата сопруга, со  часови се допишувал со Рада М. на која и пишувал за

Пронајдете не на следниве мрежи: