Второ издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

Во периодот од 1-4 октомври во просториите на Кинотека на Македонија ќе се организира второто издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“. Целта на фестивалот е да презентира разновидна и богата музичка програма на документарни филмови кои, преку една популарна уметничка платформа како што е музиката, допираат до различни теми, од општествени до едукативни.Оваа година фестивалот ќе прикаже 19 филмови, од кои повеќето се во продукција на Би-би-си. Фестивалот се отвора со филмот за Леонард Коен „Јас сум твојот човек“, како посвета за него, со што продолжува традицијата започната со минатогодишното отворање (филмовите за Дејвид Боуви).
И оваа година на програмата се наоѓаат и филмови од домашната продукција кои, за разлика од минатата година кога имаа своја македонска вечер, сега се дисперзирани низ програмата. На програмата има 2 фестивалски премиери „Сецко: Толку многу љубови“ на Јордан Дуков, во продукција на Тв Телма, и „Акт“, анимиран филм на Ацо Станковски, а со музика на композиторот Александар Пејовски. Овие два филма ќе бидат прикажани во блок заедно со други филмови, ним жанровски сродни: „Роберт Плант: Јас самиот“ и „Во океанот – современа класична авангардна музика“. Освен тоа, ќе биде прикажан и филмот за Вања Лазарова „Со маки сум се родила“. Дизајнот на плакатот е на Дијана Димитровска, а кратките видеа се на Марјан Гавриловски.
Фестивалот е во ко-организација со Кинотека на Македонија и билетите можат да се резервираат или да се купат во канцеларијата на Кинотеката, на тел. 306-5968 (09:00 – 20:00 ч). Цените на билетите се различни, во зависност од времето на прикажување на филмовите. Цената на билетот за отворањето е 150 ден., а билетите за проекциите на 2-ри и 4-ти кои се одвиваат од 17 до 20 часот изнесуваат 50 денари од филм. Вечерните проекции кои започнуваат од 20 часот се со билети по 100 денари од филм.
Во рамките на фестивалот, а како издание на издавачката куќа „Полица“, ќе се случи промоција на книгата-збирка на музички интервјуа „Музика и муабети“ на Ненад Георгиевски, селектор и директор на Фестивалот. Во неа на 350 страници се собрани 40 интервјуа со странски и домашни музичари. Во книгата има и ист број фотографии од реномирани домашни и странски фоторафи меѓу кои Жига Коритник, Тим Дикинсон, Татјана Ранташа и Димитар Петровски. Уредник на книгата е новинарот Михајло Грбески, а предговорот е напишан од Влатко Стефановски. Книгата на денот на промоцијата ќе се продава по 350 денари, а во редовна продажба ќе изнесува 500 ден.
На денот на промоцијата, односно по настанот ќе следат бесплатни проекции на 3 филмови:„Дејвид Силвијан: Подготовки за патување“, „Влатко Стефановски- Море Сокол Свири“ и „Јас сум член на рокенрол бенд- Бендот“.
Фестивалот е помогнат од Ажур Дооел, Радио МОФ, Канал 77, Навигаторс, Урбан ФМ, Бруклински и Pernod-Ricard (Ballantines).Оваа година фестивалот ќе прикаже 19 филмови, од кои повеќето се во продукција на Би-би-си. Фестивалот се отвора со филмот за Леонард Коен „Ј

Пронајдете не на следниве мрежи: