Вучиќ: Не е важно што зборува Заев, ги чекаме на гласање во УНЕСКО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ не го интересираат навредите кои Зоран Заев и порача дека ќе донесува заклучоци според делата, односно по тоа како Македонија ќе се постави кога ќе се гласа за прием на Косово во УНЕСКО, објави РТС.-Кога ќе дојде гласањето во УНЕСКО, тогаш ќе видиме дали ќе го исполнат тоа што го рекоа, вели Вучиќ.
Додава дека за разлика од Заев, не сака да зборува што мисли за него, бидејќи како што вели, не е негово да излегува со свои ставови, туку тоа е работа на граѓаните на Р. Македонија.
-Тој ја претставува втората по големина партија во Р. Македонија. Ќе има можност да формира Влада. Ќе видиме и ќе судиме според неговите дела. Не ми смета што мене лично ме навредуваше, тоа кажува повеќе за него отколку за мене. Не се брзам да му одговорам на таков начин, вели Вучиќ.
Вучиќ посочи дека се уште не добил одговор на прашањето кога раководството на Србија се однесувало националистички и шовинистички.
-Верувам дека нема да добиеме таков одговор бидејќи такво нешто не се ни случило. Верувам дека тоа на некој му требало во некои моменти, заклучува Вучиќ.
Додаде дека не сака да ги коментира состојбата во Македонија и нагласи дека единствено што го интересира е „Србија да ја остават на мира“.
-Ние немаме никакви проблеми, тие нека си ја работата својата работа. Би имал што да кажам , различни ми се проценките на долг и на краток рок, но мал човек сум јас за нив. Тие знаат подобро од мене. А тоа што не престанува да ме спомнува, што да правам, не зависи од мене, вели Вучиќ.
Запрашам како ќе се одвиваат„ Затегнатите односи“ по именувањето на Зоран Заев за премиер на Р. Македонија, Вучиќ одговара дека односите не се затегнати.-Кога ќе дојде гласањето во УНЕСКО, тогаш ќе видиме дали ќе го исполнат тоа што го рекоа, вели Вучиќ.
Додава дека за разлика од Заев, не са

Пронајдете не на следниве мрежи: