Вучиќ победник на претседателските избори во Србија

Александар Вучиќ, досегашниот премиер води со огромна разлика од другите кандидати на претседателските избори во Србија. Според агенцијата Ипсос, победник е Вучиќ со 56,5 отсто добиени гласови.По него следи Саша Јанковиќ со 15,3 отсто а потоа Лука Максимовић Бели со 9,2 отсто освоени гласови. Вук Јеремиќ освоил 5,6 отсто, а Војислав Шешељ 4,5 отсто.
-Освоивме над 2 милиони гласови“ – се обрати Александар Вучиќ, прв пат од новата претседателска функција. Тој се заблагодари на сите свои соработници и им честиташе на своите противници. Тој истакна дека не победил со фашизам, туку со напорна работа. Рече дека е горд што Србите се однесувале цивилизирано и не направиле немири на денешните избори. Со вакви резултати не може да има немири – рече Вучиќ. Му честиташе на досегашниот претседател Томислав Николиќ за неговата напорна работа и рече дека луѓето сакаат да одат напред.
-Владата која допрва треба да се формира ќе ја добие моата поддршка– рече Вучиќ. Тој додаде дека луѓето ќе го добијат покачувањето на пензиите и покачувањето на платите. Се пофали дека Србија во првите три месеци има 7 милиони суфицит во трезорот и ги повтори своите предизборни ветувања.
Едвај ги чекам резултатите од Косово – додаде Вучиќ, но и без тие гласови нашата победа е убедлива.
Вучиќ уште еднаш се заблагодари на сите кои му честитаа, меѓу кои и странските дипломати колегите од останатите држави. Тој кажа дека неговите претседателски потези ќе бидат во насока на стабилизација и мир во регионот.По него следи Саша Јанковиќ со 15,3 отсто а потоа Лука Максимовић Бели со 9,2 отсто освоени гласови. Вук Јеремиќ освоил 5,6 отсто, а Војислав Шешељ

Пронајдете не на следниве мрежи: