Weather Channel: Невремето во Скопје речиси невозможно да се предвиди

Светските медиуми постојано го анализираат невремето кое го зафати Скопје во саботата, однесе 22 животи и оштети многу домови во населените места во скопско.Според експертите од американскиот Weather channel, обилниот дожд кој се истури над главниот град на нашата држава бил ненадеен и многу тежок да се предвиди, а американските метеоролози го споредуваат со невремето кое можело да се види во Западна Вирџинија на почетокот на јуни и во кое загинаа 23 лица, уништи 1200 домови и причини огромна материјална штета.
Weather Channel е еден од многуте медиуми ширум светот кои известуваат за ужасната природна катастрофа во Македонија. Британски Телеграф, за невремето напиша: „Обилен дожд, силен ветер и засилено електрично празнење го погодија градот и неговите северени предградија, доцна саботата. Специјални сили на полицијата, единици на армијата и противпожарни единици беа пратени во најпогодените подрачја, како и во населените  места Стајковци, Смилковци и Арачиново. Стотици домови и возила беа уништени од поплавите, патиштата се се уште непроодни, а неколку региони се без електрична енергија“.
Покрај Телеграф , за невремето со слична реторика пишуваат и CBS News, The Wall Street Journal, BBC, CNN….
Прилогот на Weather Channel погледнете го ТУКА
Ваквите временски непогоди, со обилни дождови и силни електрични празнења се се почести насекаде низ светот, истите резултираат со многу изгубени човечки животи и големи материјални штети, без оглед на големината или моќта на земјата.
 Според експертите од американскиот Weather channel, обилниот дожд кој се истури над главниот град на нашата држава бил ненадеен и м

Пронајдете не на следниве мрежи: