WHATSAPP ВОВЕДУВА ФУНКЦИЈА КОЈА НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ НА СИТЕ: Една работа веќе нема да можете да ја сокриете!

WhatsApp може наскоро да воведе нова функција, но тешко дека ќе им се допадне на сите.Новата функција ќе покаже кои контакти биле онлајн неодамна, а моментално е достапна при бета тестирање на апликацијата.Како што објави WABetainfo, оваа опција е „уште еден чекор во тековната потрага на WhatsApp за подобрување на корисничкото искуство“.
Се очекува да им обезбеди на корисниците лесен начин за поврзување со пријателите, семејствата или колегите кои моментално се активни или неодамна биле онлајн.За разлика од прикажувањето на сите што се онлајн, функцијата ќе создаде листа на неодамна активни контакти, а како што наведува WABetainfo , нема да прикажува кој е моментално онлајн или неговиот последен виден статус.

Пронајдете не на следниве мрежи: