X – Factor: Жирито сурово, кандидатите разочарани

Најсуровата фаза на Х-Фактор – регрутниот камп, конечно започна, а натпреварувачите и жирито беа видливо нервозни, што предизвика отворени судири и незадоволство и од двете страни.Одбрани се 24 кандидати од 133 кои се поделени во четири групи и ќе ги подучуваат одвоено, во зависност од тоа во која група припаѓаат.
Судиите поради големата конкуренција, уште на почетокот го намалија бројот на кандидатите без воопшто да запеат, што предизвика сериозно незадоволство меѓу натпреварувачите.
Останатите кандидати беа поделени во 10 групи по осум членови. Натпреварувачите имаа само еден ден да го извежбаат сценскиот настап и зададената музичка нумера за по втор пат да се претстават пред жирито.
Судиите нерасположени
Судиите беа видно нерасположени во текот на настапите, особено Жељко Јоксимовиќ, кој го покажа неговото задоволство од оние кои не се покажаа најдобро, додека Кристина имаше позитивен став кон кандидатите.
По настапите на кандидатите, настапија судиите со нивните одлуки, кои направија вистински хаос меѓу натпреварувачите. Оние кои ги враќаа дома, повторно ги враќаа на сцената.
Најверојатно сакајќи да го направат шоуто поинтересно, Кристина Ковач им соопшти на отфрлените кандидати дека се чувствувале лошо поради нивните одлуки да ги вратат дома, и затоа им даваат втора шанса да се покажат.

Менторите во екстаза, кандидатите во транс
После драмата со кандидатите, дојде на ред жирито да си ги добие и нивните кандидати на кои ќе им бидат ментори. Додека сите очекуваа секој да добие спротивно од тоа што го очекувал, на крајот сите беа среќни. Емина беше воодушевена кога дозна дека ја добила групата од Мажи до 27 години. Кики ја доби групата од Девојки до 27. Кристина Ковач нагласуваше дека ги сака бендовите, но не очекуваше дека ќе ги добие. Сепак, на крајот таа беше пресреќна кога го доби тоа што го очекуваше. Жељко ја доби групата која можеби нас најмногу не интересира, групата Постари од 27, што го израдува. Нашиот кандидат Даниел Кајмакоски се најде токму во оваа група.
Сега сите кандидати ќе престојуваат во домовите на нивните ментори. По се изгледа, најсреќни испаднаа учениците на Емина Јаховиќ, кои ќе одам во нејзиниот дом во Истанбул.Одбрани се 24 кандидати од 133 кои се поделени во четири групи и ќе ги подучуваат одвоено, во зависност од тоа во која група припаѓаат.
Суд

Пронајдете не на следниве мрежи: