четврток, 12 ноември 2026
Најново

За да му ја зачува фотелјата на Заев, СДСМ со празни приговори ја пролонгира кризата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Приговорите кои денеска ги поднесе СДСМ до ДИК се однесуваат на избирачки места во Тетово и Теарце, каде нема никакви забелешки во записниците од страна на Избирачките одбори, пренесоа медиумите, повикувајќи се на извори во ДИК.Доколку се потврдат ваквите информации, веќе нема дилема дека единствената цел на Заев и СДСМ е оспорување на волјата на мнозинството на македонскиот народ и победата која на фер и демократски избори ја доби ВМРО- ДПМНЕ
Повеќе од јасно е дека на ваков начин СДСМ се обидува да ја пролонгира кризата и да ја жртвува иднината на Република Македонија само за да го заштити Зоран Заев во обид да ја заштити сопствената фотелја.
Заев повторно се обидува да избега од зборот кој го даде, дека ќе замине од функцијата доколку деструктивната политика на СДСМ биде казнета на изборите и партијата изгуби, што фактички и се случи.Доколку се потврдат ваквите информации, веќе нема дилема дека единствената цел на Заев и СДСМ е оспорување на волјата на мнозинството на македонски

Поврзани вести