ЗА МАЛКУ ТЕПАЧКА СРЕДЕ КАФЕАНА: Дино Мерлин го плукна Хари Мата Хари во лице!

Некогашните големи пријатели Дино Мерлин и Хари Варешановиќ, за малку ќе се степаа во кафеана, а како што наведува „Informer“, во оваа прилика Мерлин наводно го плукнал Хари в лице.Додека фронтменот на бендот „Хари Мата Хари“ седел во кафеаната со пријателите, се појавил Мерлин и почнала препирка помеѓу нив двајца.
– Хари сакаше да ја прекине расправијата и да го напушти локалот. Во тој момент Дино Мерлин пред очите на сите го плукна в лице. За среќа и двајцата беа со пријателите, кои го спречија понатамошниот спор. Луѓето кои се најдоа на лице место не може да веруваат дека некој кој важи за голема ѕвезда може толку просто да се однесува и да ги понижува другите луѓе – наведува добро известен извор.
Од друга страна Хари потврди дека Дино го плукнал.
– Точно е дека тоа се случи, но ништо повеќе не би коментирал – кратко вели Хари Варешановиќ.
Да потсетиме, нивното пријателство „пукна“ минатата година кога Мерлин кој е претседател на Соборот на здружението на музичари во Босна, го исфрли Хари од еден од состаноците на оваа организација.Додека фронтменот на бендот „Хари Мата Хари“ седел во кафеаната со пријателите, се појавил Мерлин и почнала препирка помеѓу нив двајца.

Пронајдете не на следниве мрежи: