„ЗА НЕД ДО“ само првиот ден во Солун за Македонија освои 18 златни и 1 сребрен медал во боречки вештини

Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” на интернационалниот натпревар кој викендов се одржува во Солун само во првиот натпреварувачки ден освои 18 златни и 1 сребрен медал.Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола на покана на Грчката федерација за боречки вештини во периодот од 26 – 27 ноември 2016 година учествува  на интернационалниот натпревар кој се одржува во Солун во боречки вештини каде учествува и наш тим кој ја претставува Република Македонија.
На интернационалниот натпревар учество земаат над 10 држави со над 600 натреварувачи, додека македонскиот тим е составен од 24 натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат во 41 дисциплина во борби и демонстрации на самоодбрана и демонстрации со традиционално оружје
Комплетниот состав на македонската делегација од 40 лица ја предводи основачот на Академијата “ЗА НЕД ДО” и официјален претставник за неколку светски федерации и организации од светот на боречките вештини, Златко Неделковски додека главен тренер на македонскиот тим е трикратнот светски првак во екстремна самоодбрана, Дијана Неделковска.
“По големиот успех на 10-тиот “Светски фестивал на боречките вештини” кој се одржа 21 – 22 мај 2016 година во Серес каде освоивме 51 светска титула сега сме пак во Грција во Солун на Интернационалниот турнир во боречките вештини каде само во првиот ден од огромната конкуренција од над 600 натпреварувачи ние успеавме да освоиме за мене солиден успех, првенствено за нашите натпреварувачи, па за Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола и за Република Македонија.
На сред Солун само во првиот ден освоивме 18 златни и 1 сребрен медал а утре не чекаат уште многу борби и демонстации. Впрочем бројката никогаш не ни била битна. Таа е само еквивалент на квалитетот кој ние го манифестираме на сите настани каде партиципираме на покана на сите организации и асоцијации од светот на боречките вештини.” – изјави Grandmaster Златко Неделковски – шеф на македонската делегација.
“Одамна рековме дека ние ќе го прифатиме секој предизвик од било кој и било каде. И тоа последните пет години го докажуваме. Ние во светот на боречките вештини нескромно е да се каже но доминираме. И тоа е она што сакале да бидеме скромни или не е факт. Квалитетот кој го манифестираме со талентот на поединецот во Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” е наш печат.
Денес како тренер се фокусирав на професионалноста во изведбите на демонстрациите и перфекционизмот во борбите. И горда сум на своите натпреварувачи. Резултатите се само статистички податок. Нашата Академија традиционално на 27-ми ноември го слави својот роденден а воедно и роденден на таткото на модерниот начин на конципирање на боречките вештини Брус Ли. Секоја година тоа е во форма на колективно дружење на актуелни членови но и членови кои биле дел од Академијата како и наши пријатели и другари. Оваа година 36-тиот роденден ќе го прославиме работно тука во Солун.” – изјави Дијана Неделковска – главен тренер на македонскиот тим и триктатен светски првак во екстремна самообдрана.
Македонскиот тим се натпреварува во борби од контактните спортови и демонстрации на самоодбрана и демонстрации во музички форми со традиционално оружје.Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола на покана на Грчката федерација за боречки вештини во периодот од 26 – 27 но

Пронајдете не на следниве мрежи: