За немажените: Девојки вечерва задолжително сторете го ова и…

Православните верници во јануари го прославуваат Богојавление како еден од 15-те најголеми христијански празнициВерниците на Богојавление се поздравуваат со зборовите „Христос се јави“, а се отпоздравуваат со „Вистина се јави“.
Некогаш се сметало дека погодини денови за венчавка почнуваат од Богојавление.
Од Божик до Богојавление се мрсни денови, се мрси и во среда и петок, но ден пред Богојавелние, односно на Крстовден, се пости без разлика кој ден паѓа.
Деновите од Божик до Богојавление во народот се викаат „некрстени“ денови. Се верува дека во глуво доба од ноќта, рпед Богојавление, на момент се отвора небото, за да се вкрстат ветровите кои дуваат зиме со оние кои дуваат лете и дека целата вода станува света. Кој тогаш ќе се затекне на отворено и го види тоа, може од Бога да посака исполнување на една желба.
На Богојавление се фрла крст во река и момчињата се натпреваруваат кој прв до него ќе стигне.
Освен тоа, постои и верување дека немажените девојка, ако стават огледало под перница на 18 јануари вечерата ќе го сонуваат момчето за кое ќе се омажат.

 
Исто така во некои краеви се практиктикува обичајот младите девојки да месат по четири топчиња тесто. Во трите ставаат ливче со имиња на својот сакан, а едно го оставаат празно. Потоа топчињата ги ставаат во врела вода и кое прво ќе излезе на површината е љубовта на таа девојка. Ако излезе празната, тоа значи дека девојката се уште не го запознала својот суден.
Се верува дека во времето на Богојавление се претскажува какво време ќе биде во текот на целата година. Ако има силен мраз или паѓа снег, годината ќе биде родна. Ако биде ведро, годината ќе биде сушна. Ако 19. јануари биде врнежлив, цела година ќе има врнежи и поплави.
На овој ден се осветува водата која се верува дека е лековите и чудотворна и се нарекува богојавленска вода. Неа верниците ја носат дома и ги прскаат домовите и ја чуваат како лек во текот на целата година.Верниците на Богојавление се поздравуваат со зборовите „Христос се јави“, а се отпоздравуваат со „Вистина се јави“.

Пронајдете не на следниве мрежи: