Денеска беа исечени дрвата кои познатиот пејач Ѓорѓе Балашевиќ ги засадил на улицата „Иса Бајиќ“ во Нови Сад, како подарок за неговата сопруга Оливера.„Кога поради уредување ги исекоа претходните стебла, никој не се појави да засади нови. Џоле тоа го направи“ – напишала неговата ќерка Беба на социјалните мрежи.
Таа додава дека во Нови Сад, годишно доаѓаат илјадници обожаватели на пејачот кои покрај нивната куќа, посетуваат и места кои се поврзани со нив.
Неговата ќерка вели дека за овие дрва знаеле сите кои ги сакаат песните на нејзиниот татко.
На дрвата имало мали изгравирани плочки, а секоја година нова плочка се додавала со некој специјален датум. Но, тие мистериозно исчезнувале.
„Со оправдување дека ќе се `крене бекатон` или нешто слично и овие две дрва исчезнаа засекогаш“ – напишала Беба.„Кога поради уредување ги исекоа претходните стебла, никој не се појави да засади нови. Џоле тоа го направи“ – напишала неговата ќерка



