Дека зад славата не стои само сјајот и убавината, докажуваат и сите овие љубови кои имале несреќен крај, и додека многумина се разидувале поради измами, расравии, нив за жал ги разделила смртта.Мајк Тод и Елизабет Тејлор
Врската која ја разбранува јавноста поради големата разлика во годините, скоро и денес живее. Филмскиот продуцент Мајк Тод бил најголемата љубов на Елизабет, а воедно и единствен маж од кој не се развела. Само година ипол и половина година откако му ја родила ќерка Мајк загинал во авионска несреќа. Елизабета никогаш не ја сокрила тагата поради овој немил настан. Сведоци на нивната љубов тврдат дека биле многу вљубени и среќни.
Наташа Ричардсон и Лијам Нисон
Британската актерка Наташа Ричардсон и Лијам Нисон биле во среќен брак 15 години. Прекрасен брак, 15 години љубов, взаемна поддршка, убави спомени, сето тоа се прекинало кога Наташа во 2009 година ја повредила главата на скијање. На почеток докторите мислеле дека се работи само за тешка повреда, но набрзо настапила смрт. Лијам со години по нејзината смрт отворено зборувал за болката и загубата која ја доживеал.
Принцезата Дајана и Доди Фајед
Љубовната приказна помеѓу пинцезата Дајана и синот на египетскиот милијардер Доди Фајед е секако една од оние кои ја одбележаа историјата и за која слушнал секој. Тоа била љубовта на столетието. Парот се носел со огромно медиумско внимание и често биле во бегство од фотографите што на крај ги довело до смрт. Тие загинале кога нивниот автомобил удрил во ѕид во тунел во Париз. За нивната љубов и денес се зборува и пишува.
Курт Кобејн и Кортни Лав
Курт и Кортни, музички таленти кои со порастот на славата на групата Нирвана и самите стигнале до центарот на вниманието, често биле осудувани за опивање со нелегални супстанци како и забавување по ноќни кулубови. Нивната голема љубов била прекината кога Курт си го одземал животот во 1994 година. По неговата смрт почнале шпекулации дека Кортни е виновна затоа што тој си кренал рака на себе.
Џон и Џеки Кенеди
Парот кој исто така оставил историски траг биле третата најмлада дама на Америка и претседателот на САД. По само година дена забавување, тие двајца се венчале, потоа добиле и наследници. Америка го обожавала овој пар и тие меѓусебно се обожавале, но по атентатот кој бил извршен на Кенеди на нивната љубов бил ставен крај.Мајк Тод и Елизабет Тејлор
Пронајдете не на следниве мрежи:



