За прв пат: Естонија избра жена за претседател

Естонската претставничка во Европскиот ревизиски суд Керсти Калјулeид денеска е избрана за претседател на Естонија.Таа е прва жена избрана за претседател на Естонија. За нејзината кандидатура гласаа 81 пратеници од вкупно 101, додека 17 се изјаснија против.
-Благодарам за довербата и за гласовите дадени за мене, истакна Калјулeид, која беше единствен кандидат на денешните избори.
Во првата етапа на изборите во август естонскиот Парламент не можеше да избере нов шеф на државата бидејќи ниту еден кандидат не ги доби потребните две-третини од гласовите (68 пратеници).
Затоа за избор на претседател беше свикан специјален орган – Изборен колегиум од 335 лица, вклучителчно и пратениците од Парламентот и органите на локалната самоуправа. Но, на 24 септември и Колегиумот не успеа да избере претседател поради недоволниот број на гласови.
На 26 септември естонските парламентарни партии спроведоа консултаци при што ја предложија Калјулeид.Таа е прва жена избрана за претседател на Естонија. За нејзината кандидатура гласаа 81 пратеници од вкупно 101, додека 17 се изјаснија против.

Пронајдете не на следниве мрежи: