За сериозна врска се потребни 22 вечери и 7 караници

Само три проценти од сите врски на крајот завршуваат со брак, а за врската да се смета за сериозна потребно е да се запознаете со родителите на партнерот и добро да поминете барем низ една поголема кавга.

Не секое необавезно дружење или страствена романса се претвара во сериозна љубовна врска, бидејќи за тој премин потребно е многу дружење, но и многу пари, покажало истражување на британскиот магазин за мажи Socked. Луѓето стануваат сериозен пар после 22 романтични вечери , барем два празника поминати заедно , повеќе мали подароци и по некој поголем подарок, пишува Daily Mail.
 Освен овие пријатни дружења, паровите во просек мораат да доживеат и седум сериозни расправии и да се запознаат со родителите на партнерот. За врската добро да функционира и да се смета за сериозна треба да ни се допаѓаат барем половина од неговите пријатели и роднини.
На крајот сепак само три проценти од сите започнати љубовни врски , завршуваат со брак.
Љубовните врски бараат труд, време и пари. Сите статистики откриваат дека љубовта не е ни малку едноставна, заклучува водачот на истражувањето, Марк Хал.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Само три проценти од сите врски на крајот завршуваат со брак, а за врската да се смета за сериозна потребно е да се запознаете со родителите на пар

Пронајдете не на следниве мрежи: