За сигурно и безбедно снабдување со стоки и нафтени деривати- можности и алтернативи

Како да се обезбеди и осигура снабдувањето и транспортот на нафтените деривати и да се избегнат ситуации како оваа зима кога бевме на прагот на нафтена криза? Кои се решенијата, можностите и алтернативите за превоз на стоки неопходни за непречено функционирање на стопанството? За ова и други прашања ќе се разговара на тркалезната маса што ја организираат Стопанска комора на Македонија и Утрински весник на тема „Сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати – можности и алтернативи“.Идејата и неопходноста за организирање на овој настан е да се презентираат главните прашања поврзани со сите предизвици, можности и расположливи решенија во сигурноста на снабдувањето со нафтени деривати и други стоки кои се неопходни за тековните потреби на стопанството.
За најгорливите прашања од снабдувањето на земјата со нафтени деривати, свои презентации и предлог решенија ќе имаат менаџери и претставници на повеќе компании. Јанис Героуланос, главен извршен директор на ОКТА ќе има презентација на тема „Сигурност во снабдувањето со нафтени деривати во Република Македонија“, д-р Ристо Јаневски, претседател на Здружението на енергетиката, ќе говори за „Синџирот на снабдување на ОКТА АД – Скопје, предизвици и алтернативи“ и Иван Петровски, генерален директор на Фершпед АД Скопје и претседател на Македонската транспортна асоцијација, ќе говори на тема „Сегашните состојби и новите предизвици во транспортот на стока од Солунското пристаниште“.
Покрај учесниците на тркалезната маса, како гости се поканети да присуствуваат и други компании од енергетскиот, транспортниот, металниот и металуршкиот сектор, останати засегнати страни и претставници од надлежните државни институции.
Тркалезната маса ќе се одржи на 16 март (четврток) 2017 година, со почеток во 12:00 часот, во Стопанската комора на Македонија.Идејата и неопходноста за организирање на овој настан е да се презентираат главните прашања поврзани со сите предизвици, можности и распо

Пронајдете не на следниве мрежи: