„ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ ги повикува граѓаните по 67-ми пат заедно да чекорат по патеката на државноста

Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА преку својот Фејсбук профил ги повика сите граѓани на масовен протест денеска во 17 часот.Во нивниот статус тие велат дека тие не познаваат друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди како македонскиот.
„Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех. Jас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата”.
Ова се зборови на великанот на македонската ослободителна борба, учителот Гоце Делчев, загинат на денешен ден за идејата за независна и слободна Македонија.

Неговата борба е и наша борба. Окупацијата против која се борел Гоце, во друга форма, постои и денес. И денес, исто како што е опеано во химната во која се слави неговото име, Македонците се борат за своите правдини. И ќе се борат. Бидејќи друга борба и друга држава немаме.
Оние кои го газат Уставот, оние кои го рушат суверенитетот на Република Македонија, оние кои на крилјата на туѓите интереси сакаат да дојдат на власт, за да им служат на тие интереси… тие ќе бидат поразени.
Нашата битка е за Заедничка Македонија. За правната држава, за почитување на волјата на граѓаните кои се носители на државноста на оваа наша Република. И од таа битка нема откажување.
„Правиот човек од ништо не треба да се плаши. Кураж и силна верба во себеси – тоа е силата што ги дава сите успеси “
Со овие пораки на Гоце Делчев, ве поздравуваме. Знаете каде ви е местото.
Влада, 17:00.
Да живее Република Македонија, пишуваат тие во својот ФБ статус.
Политиката и политичарите се во должничко-доверителски односи меѓу себе, со „меџународната“, службите и агентурите…Народот – не!Слободен народ за слободна Македонија, повика Борис Дамовски, еден од организаторите на протестите на граѓанската иницијатива За заедничка Макединија, на 67 марш по патеката на државноста.
Во нивниот статус тие велат дека тие не познаваат друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди како македонскиот.

Пронајдете не на следниве мрежи: