„За заедничка Македонија“: Народот не може да биде игнориран

Народот не може да биде игнориран. Мислеа дека ќе сме 100 души тука, еве го одговорот, порача од пред Собранието членот на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, по што граѓаните масовно скандираа „Избори!“.Тој на граѓаните им порача дека се носители на суверенитетот.
-Вие сте носители на суверенитетот, а не дипломати, не бирократи од Европа, не разно-разни амбасадори.  И во нашиот ген не е да мразиме, не е да сме насилни. Ние со нашето присуство, достоинство, чест и љубов кон РМ ќе продолжиме секој нареден ден да го правиме она што најдобро го правевме 60 дена. Мораме да продолжиме по нашиот пат, мирно и достоинствено да ја чуваме Република Македонија, не смееме да потпаѓаме на провокации, вели Илиевски.
Според него, постојат луѓе кои се обидоа и кои се обидуваат да ги газат Уставот и Законите.
-Газењето на Уставот и на Законите е и газење и врз изборната волја на граѓаните, врз суверенитетот на Република Македонија кој почива само врз граѓаните и врз никој друг. Им порачуваме, апелираме да покажат разум и да се свесни за одговорноста која ја имаат. Да престанат сите провокации, сме живееле и ќе живееме заедно во оваа земја. Тоа можеме да го направиме, но само ако се слушаме едни со други и се обидеме да се разбереме. 60 дена не игнорираа, ќе продолжиме да доаѓаме. Што е еден час во денот да посветиме на нашата татковина? Што е еден час за Република Македонија?, порача Илиевски.
Истакна дека доколку некој не сака да се откаже од Тиранската платформа, тогаш нека излезе со неа на избори, а не,како што вели, да ја шверцува после изборите.
-Во генот на Македонецот не е да се плаши и да бега, туку да ја сака татковината и да се бори за неа на демократски и достоинствен начин, посочи Илиевски.
Додаде дека некој се обидува да ги испровоцира, да ги деморализира и да ги сатаницизира граѓаните.
-Се уплашија од нашата цврстина и сплотеност, затоа некој се обидува да провоцира, да не деморализира, да не сатанизира. Не смееме да подлегнеме на таквите епитети и провокации. Не смееме да им дозволиме да победат на оние кои безочно газат преку се, преку Устав, Закон, Деловник само за да кажат дека тие нешто си избрале.
Тој на граѓаните им порача дека се носители на суверенитетот.
-Вие сте носители на суверенитетот, а не дипломати, не бирократи од Европа, н

Пронајдете не на следниве мрежи: