Забава, подароци и предновогодишно дружење за целото семејство заедно со Халкбанк и Mastercard во текот на цел декември

Празничната атмосфера, веселото расположение и предновогодишната еуфорија во текот на декември се дел од нашето секојдневие. Токму овој месец за многумина е омилениот дел од годината поради споделувањето убави моменти со најблиските, подарувањето и дружењето со фамилијата.Халкбанк и Mastercard, водејќи се од идејата на секого да му го разубават овој предновогодишен период, организираат караван „Стигни до целта, стигни до подарок со твојата Mastercard картичка“ кој овозможува многу подароци, забава и дружење за целото семејство. Караванот започнува на 10ти декември, сабота, во Капитол Мол во скопската населба Аеродром, каде од 11:00 до 21:00 часот со секоја трансакција над 300 денари направена со која било Mastercard картичка во продавниците во молот на терминалите на Халкбанк ќе следи подарок.
Освен огромниот број подароци за посетителите, караванот „Стигни до целта, стигни до подарок со твојата Mastercard картичка“ ќе понуди голема забава за целото семејство со пантомимичари, штулари, цртање на лице, забавни детски игри, XBOX, познат DJ, фотографирање во photo booth и многу убави моменти поминати во дружењето со најблиските.
Караванот на Халкбанк и Mastercard со забавен камион по Скопје продолжува низ уште 7 градови низ нашата држава, Прилеп (15 декември), Битола (16 декември), Охрид (17 декември), Струмица (21 декември), Штип (22 декември), Куманово (23 декември) и Тетово (26 декември). Во секој од градовите, караванот ќе понуди единствено искуство, забава, дружење, игри и подароци за целото семејство.
Посетете ја официјалната Facebook страница на Халкбанк со цел да ги дознаете сите детали: https://www.facebook.com/HalkbankADSkopje/Халкбанк и Mastercard, водејќи се од идејата на секого да му го разубават овој предновогодишен период, организираат караван „Стигни до целта,

Пронајдете не на следниве мрежи: