Забранета претставата на бардот на македонскиот театар Љубиша Георгиевски

Претставата „Папагалот Историко“, во режија на Љубиша Георгиевски, а драматизација на Сашо Насев, која требаше да се одигра вчера, петок, во 20.00 ч. без образложение беше повлечена од репертоарот на Драмски театар, објави ја Фејсбук еден од актерите во претставата, Владо Јовановски.Експресно беше ажуриран и сајтот на Драмски, а директорот Сашо Тасевски, кој е мераклија на бистрење политика на социјалните мрежи, остана без коментар.

Експресно беше ажуриран и сајтот на Драмски, а директорот Сашо Тасевски, кој е мераклија на бистрење политика на социјалните мрежи, остана без коментар.

„Реков, повелете дојдете, додека не е тргната, како никогаш да не била, како никогаш да не постоела.. И глеј чудо, сабајле ме известија дека нема да се игра утре… Откако дојде животот и слободата во Македонија, не мора да си видовит, за да ги гледаш однапред работите.. Не дека сум изненаден, ова го кажувам, чисто за да се забележи…Поздрав и секое добро!И утре има ден!“, објави Јовановски.
Драмите на Сашо Насев повеќе од 25 години се играат на сцената на Драмски, а во времето на квазиактерот Сашо Тасевски негова драма првпат е симната од репертоарот на овој театар.
Претставата „Папагалот Историкот“ го означи почетокот на театарската сезона во Драмски театар. Премиерно беше изведена на 23 септември. Тоа е филозофски трактат со моќни карактери во него и еден вид историски пресек на епохата на југословенскиот социјалистички поредок сосе слободата што дојде потоа. Во претставата „Папагалот Историко“ играат актер(к)ите Владо Јовановски, Благица Димитровска, Калина Наумовска, Дамјан Цветановски, Ѓорги Тодоровски и студентите Томислав Давидовски, Исмет Шабановиќ и Кристијан Танчевски.
„Папагалот Историко‘ е жесток, отворен, политички ангажиран и емотивен театар, преполн со иронии и идеи за тоа како било, како е и како подобро може да стане. Во театарот, се разбира. Затоа што никој од нас, ама баш никој од екипата, со сите зад неа од инспициентот до последниот сценски мајстор, никој од нас немаше поинаква желба од онаа што пред многу стотици и илјади години ни ја кажа Аристотел – освен фабула и карактери, трагедијата мора да има мисла!“, вели авторот Насев за претставата.
 
 Експресно беше ажуриран и сајтот на Драмски, а директорот Сашо Тасевски, кој е мераклија на бистрење политика на социјалните мрежи, остана бе

Пронајдете не на следниве мрежи: