Забулените го рушеле братството и единството?

Само на кратко, оти на долго и не вреди да се пишува и шири, не ми е јасно лицемерието на Европа! Како бе така кај вас едно, а кај нас друго…И до кога двојни стандарди за се и сешто. Не дека им е важно на европјаните како е кај нас. А се кладам дека 99 посто од нив и не ни знаат како е кај нас. Но, сега проблемот им дојде дома. Па незнаат што да им прават на забулените. И бум, ете, тоа ми ти било рушење на братството и единството на сложна Европа. 
Си викам убаво што проблемот ви дојде дома, па да видите еднаш за што ви збориме долго време. Нели соживотот е прифаќање на различностите бре? Или тоа важи само кога си зборите, филозофирате за надвор од вашите граници? 
Проблемот сега дојде дома и нема да го решите со одлуки во Стразбур. И сами знаете дека е суштински, длабок и почеток на еден подолгорочен судир, кој може да има трагични последици за целиот континент. 
Ај баш да видам како со забраната да се забулуваат жените ќе успеете сега сите муслимани да ги интегрирате во вашите држави и со тоа да избегнете поголеми конфликти веќе во блиска иднина. 
На крај, смееме ли ние да го пресликаме вашето решение во нашето законодавство? Или за нас повторно ќе има други правила, прописи, закони, памет солење и слично?И до кога двојни стандарди за се и сешто. Не дека им е важно на европјаните како е кај нас. А се кладам дека 99 посто

Пронајдете не на следниве мрежи: