Зачин со моќни лековити својства

Оваа намирница треба да биде дел од вашето секојдневно мени, бидејќи го чува здравјето на целото тело, а посебно на дигестивниот систем.На светот постојат повеќе од две илјади видови бибер, а најпознати се црниот, белиот, зелениот и црвениот бибер. Според мислењата на лекарите, црниот бибер има најголем број на лековити својства, а истиот се добива со сушење на зелениот бибер на сонце. 
Овој зачин потекнува од Индија, а во Грција со години наназад се користел и како средство за размена на роба. Богатството за време на Римското царство се мерело со залихите на бибер.
Црниот бибер е одличен извор на манган, железо и витамин К. Познат е по тоа што го поттикнува апетитот и варењето, ги елиминира бактериите во желудникот и позитивно влијае врз здравјето на цревата. Црниот бибер ја спречува надуеноста и го поттикнува лачењето на хлороводородната киселина во желудникот која е потребна за варење на протеините и другите хранливи материи.
Биберот го поттикнува и потењето, како и излачувањето на урина. Лицата кои се борат со вишокот килограми треба почесто да консумираат црн бибер бидејќи го забрзува метаболизмот и согорувањето на калории. 
Кога сте настинати, црниот бибер во комбинација со греено црвено вино е одличен напиток, а доколку направите чај од овој зачин и некоја лековита билка, ќе добиете природен лек против кашлица.
Со помош на црниот бибер можете да го намалите и нивото на холестерол и на тој начин да го намалите ризикот од срцеви болести. Освен тоа, биберот се користи и во козметичките препарати бидејќи е одличен во елиминирање на првутот.  
Зачинот е одличен и како пилинг за намалување на целутитот на кожата, а со него можете да направите и раствор за плакнење на устата со малку вода, сол и бибер кој ќе го намали ризикот од појава на кариес и проблеми со непцата.
 На светот постојат повеќе од две илјади видови бибер, а најпознати се црниот, белиот, зелениот и црвениот бибер. Според мислењата на лекарите, црни

Пронајдете не на следниве мрежи: