Заедничкиот живот убива!

Кога ќе посакате да живеете со партнерот, бидете спремни на компромис доколку не сакате да се расправате околу сметките, куќните обврски, непријатните навики.

Неодамнешните резултати спроведни во Британија покажуваат дека 23 посто од паровите во озбилни врски живеат одвоено и дека тој број забрзано расте. Бројот на парвои кои живеат одвоено пораснал за 40 отсто во изминатите децении, пишува Дејли Мејл.
Помеѓу славните кои живеат таков начин на живот се глумицата Хелена Бонам и нејзиниот споруг,  Тим Бартон, кој живее во соседната куќа.
Резутатите од истаржувањето покажуваат дека паровите живеат одбвоено зошто партнерите не сакаат да ја жртвуваат својата независнот. Чести се партнерите кои се пронашле во доцната фаза на животот, кога секој од нив веќе ги формирал своите животни навики и не е спремен за прилагодување.
Кога живеете во одвоени домови, вие сте гостин кога доаѓате на посета, гости, а спрема гостинот сте секогаш љубезни. Исто така неморате да се расправате околу сметките, куќните обврски и слично, тврди авторката на книгата   “Heartbreak Hotel” Дебора Могаќ.
Заедничкиот живот под исти кров, Могачова смета дека го менува односот и повеќе не уживате во романтичните доаѓања и одења.
Од друга страна кога не живетее заедно секогаш ќе се бакнете кога ќе се сретнете и ќе имате новости  кои ќе можете да си ги споделите. Нема да земате се „здраво за готово“.
Ќе се дотерувате пред тој да ве види и нема да шетате во неиспрана облека, објаснува писателката.
Пистелката смета дека никогаш не смееме да очекуваме дека другата личниост ќе ни биде се. Заедничкиот живот може да биде голем товар од другата личност која очекуваме да биде љубавник, пријател, „менаџер“, готвач, куќна помошничка…Доколку паровите не живеат заедно, ќе биде помал притисокот на партнерите.
 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Кога ќе посакате да живеете со партнерот, бидете спремни на компромис доколку не сакате да се расправате околу сметкит

Пронајдете не на следниве мрежи: