Заев е спремен да го продаде најмилото и највредното само за да се дојде до власт

Аболицираниот Зоран Заев би го продал и најмилото и највредното само за да се дограби до власт. Аболицираниот Зоран Заев не чувствува ни грам одговорност кон заштита на државните и националните интереси. Тој знае дека граѓаните го поразија на изборите одржани во декември. Мнозинството му го сврте грбот и не гласаше за неговата програма и лажните мерки и ветувања што ги нудеше, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Затоа Заев влезе во нова авантура. Одлучи да става на маса и да продава нешто што не е негово. Одлучи да ја продава и редефинира Македонија.
Граѓаните не гласаа ниту за менување на банкнотите, ниту за официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, ниту за создавање бинационална држава или федерализација или кантонизација. Граѓаните не гласаа за платформата од Тирана.
Заев го прифаќа се ова само за да се дограби до власт без поддршка од народот. СДСМ ова го направи и во 2004-та година. За глас повеќе во претседателската трка одлучи да го турка Законот за територијална поделба. СДСМ ги загуби катастрофално изборите во 2006-та и следните 10 циклуси. За жал последиците сеуште ги чувствува и Струга и Кичево и цела Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е свесен дека Заев заради својата патолошка желба за власт е подготвен на се. Прифаќањето на катастрофалните уцени и на него и на СДСМ ќе им предизвика штета на среден и долг рок. Ќе бидат запаметени како уште една огромна црна дамка во историјата. Сепак за нас е поважно тоа што штетни последици од антидржавното однесување на Заев ќе трпи Република Македонија.
Затоа ВМРО цени дека е помала штетата да му се удоволи патолошката желба на Заев за власт, отколку граѓаните на долг рок да ја плаќаат цената. ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира понудата до Заев да се откаже и да ја отфрли платформата од Тирана и антидржавните проекти, а за сметка на тоа ќе ја добие поддршката во собранието.Затоа Заев влезе во нова авантура. Одлучи да става на маса и да продава нешто што не е негово. Одлучи да ја продава и редефинира Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: