Заев ќе прави реконструкција во СДСМ – вака изгледа неговата агенда

Започна реконструкцијата на опозициската СДСМ. На агендата на новиот претседател на партијата – Зоран Заев, е намалување на бројот на потпретседатели на најголемата опозициска партија и смена на голем дел од високото раководство на СДСМ, пишува Дневник.
Според информациите од СДСМ, тие очекуваат Заев да промени голем дел од високото раководство, а планира и наместо четворица, како што предвидува сегашниот Статут на партијата, да воведе тројца потпретседатели.
Дневник повикувајќи се на извори од партијата објавува дека едно претседателско место, ќе оди на сметка на Радмила Шекеринска за која се зборува дека ќе биде заменик на Заев. Се очекува работата на Шекеринска да биде речиси еднаква со ингеренциите на Заев, најмногу поради нејзината поврзаност со скопското членство. Според Дневник, освен имињата на пратениците Оливер Спасовски и Маријанчо Николов како генерален и организационен секретар на СДСМ, во партијата се коментира дека на потпретседателските места може да се најдат пратеникот Јани Макрадули и Софија Kуновска од Советот на Град Скопје, а и Гордан Георгиев се споменува во оваа комбинација.
Поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски се исели од партиските простории и веќе неколку дена е префрлен во канцеларијата близу седиштето на партијата, која ја доби како поранешен претседател на државата. Се очекува во оваа улога Црвенковски да го продолжи професионалниот ангажман. Дневник пренесува дека во СДСМ е поделено мислењето дали Црвенковски ќе се дистанцира од работењето на Заев и партијата.
Новиот лидер на опозициската СДСМ се очекува утре да се сретне со премиерот Никола Груевски, кој вчера телефонски му ја честиташе победата и го покани на кафе средба во македонската Влада.Започна реконструкцијата на опозициската СДСМ. На агендата на новиот претседател на партијата – Зоран Заев, е намалува

Пронајдете не на следниве мрежи: