Заев потпиша гаранции за заштита на суверeнитетот, Иванов го додели мандатот

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.Заев истакна двете пречки за доделување на мандатот се отстранети додавајќи дека испратил до Иванов изјава во форма на гаранција за зачувување на уставниот поредок и унитарноста на Република Македонија.
Врачувањето на мандатот следува откако претседателот Иванов доби известување од собранискиот спикер Талат Џафери дека е формирано парламентарно мнозинство.
Новиот мандатар Зоран Заев, според Уставот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.  Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.
Заев истакна двете пречки за доделување на мандатот се отстранети додавајќи дека испратил до Иванов изјава во форма на гаранција за зачувување на у

Пронајдете не на следниве мрежи: