Заев повторно го потцени народот криејќи се зад експерти на СДСМ и ДУИ

Претседателот на СДСМ Зоран Заев не собра храброст да ја отфрли тиранската платорма и уште еднаш потценувајќи го народот со празни флоскули ги манипулираше граѓаните криејќи се зад експерти на СДСМ и ДУИ, со што остави простор за реализација на елементите од платформата. Заев, кој до вчера лажеше дека зборувале само за начела и принципи, сега призна дека имаат и Закон за јазици, но ја сокри неговата содржина, го сокри на членот 8 кој што беше претходно истакнат во јавноста. Еден ден пред прес-конференцијата на Заев, неговиот потенцијален коалицонен партнер Али Ахмети рече дека банкнотите ќе бидат на албански јазик.
Ахмети во интервјуто за „Ројтерс“ рече дека албанскиот јазик ќе се користи во државните институции и банкнотите, а Албанец ќе биде претседател на Собранието
-Во парламентот на Република Македонија, ако јас сум претседател ќе зборувам на албански. Треба парламентарната седница да ја водам на албански јазик. И во говорна и во пишана форма, албанскиот треба да се користи во сите државни институции. Тоа значи официјална употреба на албанскиот јазик. Во овој момент албанскиот јазик се користи само на локално ниво.“, вели Ахмети.
Во предизборието, Заев најавуваше и промена на Уставот кога ќе дошло време за да ги исполни барањата за двојазичност.  Заев обраќајки им се на гласачите Албанци, јавно се обврза дека повторно ќе го отвора Уставот. На прашањето дали имаат намера да го сменат Уставот ако сакаат тоа да биде граѓански, Заев одговори дека не исклучува оти тоа ќе се случи.
-Ние одиме со граѓански концепт. Со соодветно време кога ќе дојде потребата прагматично за таа работа тоа ќе се случи, рече Заев.
Од друга страна, коалицискиот партнер на Заев кој не го признава македонскиот народ и македонскиот идентитет, изјави дека дека неговата партија- Алијанса за Албанците ќе даде дополнителни услови и ќе го уцени СДСМ.
-Се знае дека има преговори, но од друга страна од кога сме излегле на политичката сцена сме зборувале со овој јазик. За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме да ни испрати предлог Заев или Груевски. Но предлогот ќе го направиме самите и ќе ги уцениме тие да го поддржат, истакна Села на 16-ти февруари.

Потпретседателот на ДУИ и чаирски градоначалник, Изет Меџити во гостување на „Телма“ потврди дека за ДУИ и нивните експерти е Уставно се што има во албанската платформа, што значи и барањата за промена на банкнотите, униформите, химната, знамето, грбот.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнуваат дека Заев не собрал храброст да ги отфрли уцените и јавно да се откаже од тиранската платформа и реализирањето на елементите во неа и оти наместо да соопшти јасен став, се обидел да го лаже народот криејќи се зад некакви експерти.
– Најновата манипулација на аболицираниот Заев е дека експерти на СДСМ и ДУИ ќе кажувале дали ќе се менуваат банкнотите, химната, грбот. Тие ќе кажувале дали ќе се менуваат униформите и дали борците ќе се осудат за геноцид. Заев само ќе отварал дебати по сите прашања од највисок државен и национален интерес, рече на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ..
Народот, како што посочи, не сака ваква тиранска влада. Затоа, потенцира, на Зоран Заев и СДСМ, како ВМРО-ДПМНЕ му нудиме две решенија.
– Едното е да ја одбие јасно и гласно тиранската платформа по сите точки и да прифати поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за формирање на малцинска влада. Второто е да прифати распишување на нови парламентарни избори, заедно со локалните, на кои граѓаните ќе може кристално јасно да се произнесат за партиската програма, вклучително и таа на СДСМ, па дури и во себе да ја содржи тиранската платформа, без да имаат чувство дека се изборно измамени, рече Ѓорѓиевски.
Универзитетската професорка Иванка Додовска вели дека намерата со платформата е крајно лоша и Еди Рама има некој на телефон што му диктира што треба да каже. Македонците и Македонија се колатерална штета.

Политичкиот аналитичар Александар Даштевски смета дека Заев нема да се обиде самоволно да состави Влада и дека сево ова е само испитување на пулсот, бидејќи нема мандат, а без мандат не може да состави Влада и таа одлука ќе се обжали на Уставен суд.
„Јасно е дека Зоран Заев некаде ветил нешто, и самиот зборуваше за „виткање на кичмата“, меѓутоа се ветени повеќе работи и тоа го знае само тој и потесниот круг околу него. Имав прилика да разговарам со членови на СДСМ, и прашувам „Како се прифаќаат сиве овие работи од платформата?“ и тие не знаат да кажат, не им е објаснето. Се чека дали ќе направи нешто или не, и да дојде до крах во партијата, бидејќи само се ветува и се продава државата, а не се прави ништо за членството и пошироките гласачи“, рече Даштевски.
Додаде дека Заев имаше помош од структури од странство за да оствари добар резултат на овие избори.Заев, кој до вчера лажеше дека зборувале само за начела и принципи, сега призна дека имаат и Закон за јазици, но ја сокри неговата содржина, г

Пронајдете не на следниве мрежи: