Заев прелесно ветил смена на името на Република Македонија што ќе ја задоволи Атина

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Алфа ТВ, ја анализираше како вели, скриената порака од Заев дека тој би прифатил зачленување во НАТО под акронимот „FYROM“ (ПЈРМ), што е уште понавредливо од референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, бидејќи воопшто не се споменува Република Македонија.
Mногу прелесно е ветено од страната на Заев дека ќе го сменат името на Република Македонија или ќе најдат решение кое ќе ја задоволи соседна Атина, за да може тоа да биде на задоволство на некои меѓународни чинители кои имаат други цели во регионот, рече Милошоски.
– Она со „Фајненшел тајмс“ од денес, може да згреши некој друг весник, но „Фајненшел тајмс“ тешко прави такви грешки, особено не кога има личен контакт со министерот кои има своја изјава во наведениот текст и голема е разликата од првиот наслов каде што пишуваше – Македонија предлага смена на името за членство во НАТО, до вториот наслов после реакцијата каде што вика дека – Македонија разгледува членство под референцата во однос на НАТО. Но, како и да е вистините, ветувањата, фактурите брзо стигнуваат и брзо излегуваат на виделина. Она што навистина ме изненадува, не многу пријатно, е што новата Влада во многу краток број на денови направи прилично голем број на гафови, пропусти и не очекував толку брзо да девалвираат одредени сериозни теми.“
Милошоски во вестите на Алфа ТВ,кабинетот на Заев го опиша како „селотејп коалиција со слаби решенија. За двете решенија најблиски на Заев, тој посочи дека се работи за шеф на кабинет,  жена која што е осудена за службена проневера како царински службеник или заменик директор на Царинска испостава и има пресуда Основниот суд во Штип за тоа. Таа ќе биде неговиот најблизок човек, истакна Милошоски, кој оцени дека доколку вашиот најблизок човек е некој кој одговарал за некаков шверц или злоупотреба на царински овластувања, тогаш, како што вели, може да замислите какво ќе биде понатамошното опкружување.
– И второто, назначувањето на генералниот секретар на владата, господинот Драги Рашковски, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Рашковски има изјава во која вели дека НАТО е организација која што бомбардира, убива цивили и помага терористи.
– Значи се гледа дека ова е една селотејп коалиција во која личните бизнис, па и некои криминогени интереси на различни групи и етнички прашања биле составени на едно место, се со цел да ја турнат владата на ВМРО-ДПМНЕ без разлика на слабите кадровски потенцијали кои што ги нуди, потенцира Милошоски.
Според него, гафот на министерот за финансии Драган Тевдовски е сериозен.
– Разликата меѓу бруто и нето, без разлика дали се работи за цена или за ДДВ или за друга мерка која што треба да ја пресметате во бруто или во нето исход, е нешто што студентите по економија го учат во првата година на студиите на Економскиот факултет, а слушнавме дека министерот таму предава, посочи високиот партиски функционер, додавајќи дека тој треба да се врати на Факултетот и повторно да научи тоа што не го знае, или треба да размисли дали е способен да го води Министерството за финансии со такви базични непознавања на овие состојби.
Милошоски посочи дека граѓаните очекуваат 100.000 денари основица на лекарите, укинување на радиодифузната такса, покачување на пензии, 500 километри автопати, но од друга страна, Заев има многу слаби кадровски решенија.
 Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Алфа ТВ, ја анализираше како вели, скриената порака од Заев дека тој би прифатил зачленување во НАТО

Пронајдете не на следниве мрежи: