Заев: Согласно принципите и правилата, ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата има 6 членови, ние имаме 5

Loading...

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев при своето гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија јасно кажува каков треба да биде составот на Комисијата за избори и именување, шест члена на ВМРО-ДПМНЕ, а 5 члена на СДСМ. Заев вели дека тоа било согласно деловнички принципи, односно правила.СДСМ денеска поднесе иницијатива во Собранието на Република Македонија за продолжување на конститутивната седница, со потписите од 67 пратеници.
– Денеска поднесовме конкретна иницијатива до Собранието на Република Македонија и за повеќе од никого да нема изговори и дилеми околу обезбеденото парламентарно мнозинство доставивме 67 пратенички потписи и покрај тоа што Деловникот тоа не го бара за да продолжи конститутивната седница, изјави Оливер Спасовски, пратеник и генерален секретар на партијата на прес-конференцијата во Собранието по поднесувањето на иницијативата.
Запрашан дали се договориле околу составот на Комисијата за избори и именувања, Спасовски рече дека очекуваат пред седницата да се свика координација на пратеничките групи во Собранието на која ќе се договорат за сите прашања.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев при своето гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија јасно кажува каков треба да биде составот на Комисијата за избори и именување, шест члена на ВМРО-ДПМНЕ, а 5 члена на СДСМ. Заев вели дека тоа било согласно деловнички принципи, односно правила.
-Постои точка во Дневниот ред на започнатата седница, избор на Комисија за избори и именувања и таа Комисија согласно деловнички принципи, односно правила, тој што има најмногу пратеници има најмногу членови, па вториот, па третиот, па четвртиот и слично. И сега во логичниот редослед, јас знам дека во таа Комисија ВМРО има 6, ние имаме 5, рече Заев.
Конститутивната седница на Собранието се одржа на 30 декември, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Парламентот.СДСМ денеска поднесе иницијатива во Собранието на Република Македонија за продолжување на конститутивната седница, со потписите од 67 пратеници.

loading...