Заев ветуваше се и сешто, а ништо не исполни

Зоран Заев ветуваше се и сешто, а не исполни ништо. Ги измами граѓаните. На изборите во 2013 година најголемиот дел од Вас му ја дадоа поддршката на Зоран Заев  за негов трет мандат за градоначалник на Струмица зашто ветуваше многу, но ништо не исполни. Тој и самиот не знае што се има ветено, севли Ванковер Манчев на денешната прес-конференција одржана во Струмица која ви ја пренесуваме интегрално.Па да го потсетиме и него и сите струмичани само еден дел од неговите празни ветувања. За во првите две години од неговиот мандат вети изградба на нов мултифункционален пазар, страна 21 од неговата програма, сместен во близина на поранешната касарна опремен на површина од 15 илјади квадратни метри со повеќенаменска функција. Но ние струмичани и по четири години не знаеме дека таков пазар постои.
Вети покривање модернизација на  пазарот „Чешел“ и тоа од затворен тип. За да биде во модерни услови за продавање и купување. но еве позади нас е пазарот Чешел, кој е во центарот на градот и кој по секој пазарен ден личи на депонија. Ниту модерен пазар добивме, ниту улици со тротоари како што ветуваа.
Во програмата Зоран Заев вети простор за цветен пазар на булевар Маршал Тито во близина на Тинекс со специјализирани тезги за цвеќе но и таков пазар по 4 години не постои напротив полно диви трговци  и неуредни тротоари.
Ете колку Заев исполнува за Струмица, која и самиот ја вика, најпосакуван град за трговија и за бизнис.Па да го потсетиме и него и сите струмичани само еден дел од неговите празни ветувања. За во првите две години од неговиот мандат вети изградба на

Пронајдете не на следниве мрежи: