четврток, 26 ноември 2026
Најново

Загина 17-годишно момче на патот Ресен-Охрид. Пожарникари го ваделе телото!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера поплaднето се случила на магистралниот пат Ресен-Охрид кај селото Срушје.Од полицијата информираат дека на лице место починал С.П. (17) од село Ивањевци, Могила.
Во несреќата учествувале автомобил „Југо“ управуван од 20 годишниот Д.С. и „Пасат“ управуван од Љ.Д. (47) од Ресен. Од ударот С.П.кој бил сопатник во Југото починал на лице место, додека возачот е тешко повреден и задржан на лекување во охридската болница. Возачот на „Пасатот“ е лесно повреден.
Според информациите на локалните медиуми, на терен интервенирале и пожарникари кои го ваделе телото на починатото момче од смачканиот автомобил.
Увид извршиле полициски екипи во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.
Фото: OhridnewsОд полицијата информираат дека на лице место починал С.П. (17) од село Ивањевци, Могила.
Во несреќата учествувале автомобил „Југо&ldq

Поврзани вести