Загина маж на патот Демир Хисар – Кичево

Едно лице загина синоќа околу 20:50 часот во тешка сообраќајка која се случила на регионалниот пат Демир Хисар – Кичево, кај село Големо Илино.Како што информира полицијата, синоќа околу 20:50 часот на регионалниот пат Демир Хисар – Кичево, на крстосницата кај село Големо Илино, се случила сообраќајна незгода во која К.А. (57) од Кичево, управувајќи товарно моторно возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во Ц.М. (58) од Кичево, кој стоел до паркирано товарно моторно возило комбе „Фиат Дукато“ со охридски регистарски ознаки.
До несреќата дошло во моментот кога К.А. се враќал наназад со „мерцедесот“ со намера да му помогне на Ц.М. при влечење на неговото комбе, при што во еден момент го притиснал помеѓу двете возила. Од здобиените повреди Ц.М. починал на местото на настанот. Смрт е констатирана од страна на лекар. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, при што возилата се обезбедени за вештачење. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.Како што информира полицијата, синоќа околу 20:50 часот на регионалниот пат Демир Хисар – Кичево, на крстосницата кај село Големо Илино,

Пронајдете не на следниве мрежи: