Загрижените партнери од ЕУ повикуваат на брзо формирање влада во Италија

Европските партнери во вторникот го повикаа во Рим да ги почитува обврските кон Европската унија и брзо да формира стабилна влада што ќе претставува тежок предизвик, бидејќи парламентарните избори што се одржаа во неделата и понеделникот не донесоа јасен победник, па европските и азиските берзи уште во вторникот наутро реагираа со остар пад.Европската комисија ја разбра „загриженоста“ којашто ја покажаа италијанските избирачи на изборите, изјави нејзиниот портпарол Оливие Бељи во Брисел, откако изборните резултати покажаа дека италијанските левица и десница се изедначени, додека за своевидниот бунт на гласачите сведочи податокот дека најмногу гласови поединечно доби Движењето 5 ѕвезди на сатиричарот Бепе Грило, кој самиот ја нарекува „непартија“.„Европската комисија верува дека Италија ќе биде способна брзо да формира влада и да ги почитува преземените обврски“, без разлика дали станува збор за обврските за намалување на дефицитот, за намалување на долгот или,па, за структурните реформи. „За нас тие обврски остануваат и Комисијата очекува Италија да ги почитува“, нагласи портпаролот на ЕК.Формирање стабилна влада изгледа многу неизвесна задача, имајќи предвид дека коалицијата на левиот центар тесно победи во долниот дом на парламентот, додека во Сенатот никој нема мнозинство што се заканува со забавување на третата според обемот економија во еврозоната.И германската и француската влада во своите први реакции го повикаа Рим брзо да формира стабилна и цврста влада.„Важно е и во интерес на цела Европа, Италија брзо да добие стабилна и оперативна влада“, изјави германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле. Ја повика Италија да продолжи со реформите „бодејќи кога станува збор за решавање на кризата на еврото, сите сме во истиот чамец“ и „важно е секој да ја преземе одговорноста за целината“.„Италија треба брзо да формира стабилна и цврста влада“, рече францускиот министер за економија, Пјер Московиси  и ги повика италијанските челници да „се соберат околу Пјерлуиџи Берсани, лидерот на коалицијата којашто освои најмногу гласови“. И Московиси и Берсани доаѓаат од сестринските леви партии.Францускиот министер за индустрија, Арно Монтебурж изјави дека Италијанците со начинот на кој гласале ја „отфрлија наметната пазарна политика“ по жестоките мерки за штедење.Изборниот успех на сатиричарот Бепе Грило и неговото Движење 5 ѕвезди покажува дека избирачите во Италија не ги прифаќаат мерките за штедење и европскиот диктат, сметаат аналитичарите. Тоа е протесна порака на италијанските гласачи, рече претседателот на Европскиот парламент, германскиот социјалдемократ Мартин Шулц и додаде дека гласачите „не биле подготвени на жртви по секоја цена“ и „не се задоволни“ од острите мерки за штедење коишто ги наметна Брисел.Она што се случува во Италија ја погаѓа Европа, вели Шулц и се зазема буџетската и даночната дисциплина да се комбинираат со растот и борбата против невработеноста, особено на младите.Неизвесноста околу составувањето на стабилна италијанска влада се одрази и на пазарите на валути, па во вторникот наутро цените на акциите остро паднаа, а второ потона и на азиските берзи а инвеститорите стравуваат од продлабочувањето на должничката криза во еврозоната.Шпанскиот министер за економија, Лус де Гуиндос призна дека резултатите од италијанските избори имаат заразен ефект на пазарите, но оти се надева дека сето тоа ќе биде краткотрајно. Изрази убедување дека „ќе надвладее политичката волја“ Европа да се извлече од кризата.Ова движење коешто самиот Грило го нарече „непартија” освои 25,5 отсто од гласовите во долниот дом на парламентот, додека Демократската партија на Пјерлуиџи Берсани којашто ја предводеше коалицијата на левиот центар освои 25,4 отсто од гласовите. Севкупно, за Движењето 5 ѕвезди на изборите гласале 8,7 милиони гласови, повеќе од која и да е друга поединечна партија, и тако оваа „непартија” стана најголемата партија во Италија.Меѓутоа, сепак коалицијата на левиот центар предводена од Берсани освои во долниот дом вкупно 29,6 отсто од гласовите, додека коалицијата на десниот центар предводена од Берлускони во Пратеничкиот дом освои 29,1 отсто од гласовите.Резултатите од гласањето за Сенатот, горниот дом од италијанскиот парламент, коешто се одвива по региони, покажуваат дека коалицијата на левиот центар ќе има околу 119 пратенички места, додека коалицијата на десниот центар ќе има 117 места, Движењето 5 ѕвезди – 54, а листата на политичкиот центар што ја предводеше премиерот на заминување Марио Монти треба да има 18 места и шест места за пратениците од италијанската дијаспора. За да се добие мандат за формирање влада, потребно е во сенатот да се освојат 158 мандати, а секоја коалициска влада којашто би се формирала би морала да има мнозинство во двата дома на парламентот за да носи закони.
МакфаксЕвропските партнери во вторникот го повикаа во Рим да ги почитува обврските кон Европската унија и брзо да формира ста

Пронајдете не на следниве мрежи: