Поранешниот американски велосипедист Ленс Армстронг, ќе мора да плати 10 милиони долари за оштета, откако го загуби судскиот процес против осигурителната куќа „SCA Promotions“, пренесе ВВС.Имено, Армстронг (46) во 2006 година добил 7,5 милиони долари награда за седумте титули на „Tour de France“ од оваа осигурителна компанија.
Гостувајќи во емисијата на Опра Винфри, Армстронг на 17 јануари 2013 година, призна дека за време на кариерата употребувал недозволени супстанци, поради што му беа одземени освоените титули.
ЅСА соопшти дека тој е казнет бидејќи ја извршил „најголемата интернационална измама, предавство и завера на сите времиња“.
Исто така, во соопштението се наведува дека спорот помеѓу ЅСА и Армстронг сѐ уште не е завршен.Имено, Армстронг (46) во 2006 година добил 7,5 милиони долари награда за седумте титули на „Tour de France“ од оваа осигурителна компан



