Марк Закерберг откри кое прашање си го поставува кога треба да вработи ново лице во Фејсбук. Кога ќе го запознае потенцијалниот вработен, најбогатиот млад претприемник си поставува само едно прашање, пренесе Daily Mail.„Си го поставувам прашањето дали тоа е личноста за која и јас самиот би работел“, рекол Закерберг на конгресот Mobile World во Барселона.
„Тоа е прилично добар тест“, додал тој.
Претходно неделава, Закерберг мораше да реагира на тврдењата дека оператерите бесплатно на Фејсбук ставаат огласи за паметни телефони кои се на продажба, а таа тема се појави на дневниот ред и на конгресот.
„Марк Закерберг е како гостин кој ќе дојде на вашата забава, го пие вашето шампањско, ги бакнува вашите девојки, а не носи ништо“, изјавил Денис О`Браен, кој е претставник на компанијата Digicel Group.
„Ги имаме сервисите кои луѓето ги сакаат и на кои трошат најмногу интернет податоци. Сакаме да ја решиме оваа ситуација така што ќе стане профитабилна и за нашите партнери“, изјавил во своја одбрана Закерберг.„Си го поставувам прашањето дали тоа е личноста за која и јас самиот би работел“, рекол Закерберг на конгресот Mobile World во Барселон



