Заминала во Швајцарија по подобар живот: „Се продадов за 5.000 евра и…“

Сведоштвото на Србинката која оставила сѐ што имала во Србија и заминала во Швајцарија во потрага за подобар живот го потресе интернетот овие денови.Имено, нејзината приказна би можела да биде обична ако својата венчавка за документи не ја доживеала како еден вид на проституција. 
– Имам 30 години, а во ноември полнам 31 година. Мажена сум за човек кој од мене е постар 40 години. Сѐ започна од беда, го запознав кога чував деца во Швајцарија… 
Не сум ни грда, ни глупава. Имам завршено факултет, магистерските студии ги завршив додека бев Србија. 
Отприлика кога титулата „магистер“ престана да важи, јас ставив онолку алишта колку што може да собере во мала торба која ја купив од Кинезите за 300 динари. 
Жентата која ме чекаше чудно ме погледна кога сфати дека е тоа сѐ што имам. Во таа торба беше сето мое богатство. 
Кога сега ќе се сетам, гледам дека сум побегнала од сето она што го сакам за да се „спасам“ од сето она по што сега патам. Ги бројам деновите за да дојдам во Србија. Кога одам во родната куќа прегрнувам сѐ што со години ми бодеше очи. 
Човекот за кого се омажив ме обожава. Дури би умрел на мој знак, ама буквално. 

Ми помогна околу кредитот за мојата мајка, околу долговите за струја во татковата куќа (нормално бидејќи јас сум дете на разведени родители), околу погребот на дедо ми, брат ми сѐ што ќе побара.. 
Видете, јас поради сето ова погоре наведено заминав во Швајцарија, за да наберам пари од првото дрво. Тоа дрво го најдов одма… има 40 години повеќе од мене. Точно тој е супер, интелегентен, има став, манири, висок, згоден, но стар… 
Кога ќе се собере, ми помогна со 5.000 евра.  
Јас се продадов себеси за 5.000 евра. 
Не сум само јас кога е магистер, плус јас сум многу привлечна и тестот ми покажува дека мојот  IQ е многу висок. Јас паднав под 25, се омажив за документи во Швајцарија, а мене срцето ми се кине. 
А каква ми беше свадбата… а што ќе ми е „Кавали“ ташна… 
Без оглед на целата ситуација во тие делови на поранешна Југославија, без оглед на што можеби родителите ви се разведени, девојки, ве молам издржете. Ќе се каете ако направите како јас. Јас сакам да се вратам, па дури и годините да ги вратам. Не продавајте се за нешто што за некој е тоа само месечна плата. 
Јас за среќа што не сум таму јавна елитна спонозруша. Издржете додека дојде оној вистинскиот. Не се давајте себеси лесно. Не дозволувајте да страдате ни поради вашите најблиски.Имено, нејзината приказна би можела да биде обична ако својата венчавка за документи не ја доживеала како еден вид на проституција. 

Пронајдете не на следниве мрежи: