Занети изјавува: Меси би бил идеален за Интер

Капитенот на „нероаѕурите“ Хавиер Занети, изјави дека неговиот сонародник Лионел Меси би бил идеално засилување на „Џузепе Меаца“, меѓутоа знае оти тоа е тешко изводливо.„Меси би бил идеален за Интер, меѓутоа знам дека е среќен во Барселона и оти се мали шансите да се пресели кај нас“, истакна Занети.
Аргентинскиот фудбалски интернационалец додава дека Меси е едноставен и оти секогаш го воодушевува.
„Од него секогаш очекуваме големи работи. Моментите кои ги минав со Меси во репрезентацијата на Аргентина беа неверојатни, иако понекогаш не успевавме да победиме“, нагласи ветеранот.
„Се на се тој е голем фудбалер и се чувствувам привилегиран што сум играл со него“, истакна Занети.
Аргентинецот во 1995-та година од Банфилд мина во редовите на Интер, а во Градот на модата досега настапил на 848 натпревари и постигнал 21 погодок.„Меси би бил идеален за Интер, меѓутоа знам дека е среќен во Барселона и оти се мали шансите да се пресели кај нас“, истакна Занети.

Пронајдете не на следниве мрежи: