Западот подготвува „Молскавичен глобален удар“ против Русија

Развојот на системот за глобален молскавичен удар може да доведе до конфликт со апокалиптични последици, оцени министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.Во јули годинава, се појави публикација за која се претпоставува дека е „активна операција“ на една од руските специјални служби, која ги открива најбитните цели на февруарскиот преврат во Киев – ликвидација на автономијата на Крим, отстранување на руските воени објекти од Крим и сместување на воените инфраструктури на САД во 2014-2015 година., пишува „Веб Трибјун“.
Други извори ја потврдуваат валидноста на таа информација. Затоа е разбирливо незадоволството на Западот – откриена е значително битна и сеопфатна геостратешка операција.
Информациска војна против Русија
Таа се води со преголема страст според стандардите на воената доба: насекаде, со сите достапни средства и врз сите старосни, социјални и професионални групи, од елитните структури на власта до детските градинки – и постигнати се навистина сериозни резултати.
Петро Порошенко е во право кога тврди дека Украинците никогаш не биле толку единствени како сега, но тоа единство се гради врз антируско расположение. Информациската војна не треба премногу лесно да се сфаќа – агресивен русофобен менталитет е всаден во свеста кај поголем процент од населението, со одраз во практичните акции во и надвор од Украина.

Слични техники беа користени против Садам Хусеин, Моамер Гадафи и другите лидери. Во Украина, дојде до тој степен, што низ Киев се возат автомобили со натписи „Барам убиец да го убие Путин“ на задното стакло.
Кампањата против Путин се води не само во украински, туку и пошироки димензии: низ цела Европа, САД и секаде каде што тоа можат да си го дозволат. Главна цел е во масовната свест да се уфрли мислата дека лидерот на Русија и самата Русија се надвор од законот и дека против нив е оправдана употребата на сите средства во поблиска или подалечна иднина. Поддржувајќи ја војната на Киев во Донбас под паролата „спротивставување на руската агресија“, организаторите секако сметале на тоа дека Русија нема да остане рамнодушна кон судбината на луѓето што се истребуваат со методи на геноцид и дека ќе изврши хуманитарна интервенција со цел да ги заштити.
На изјавите на американските политичари и на припадниците на војската за тоа дека САД нема намера да се меша во воен конфликт против Русија околу украинската криза, не треба целосно да им се верува – се организираат сѐ поголеми провокации за Русија да се принуди на потези што во нормални околности не би ги правела (прашањето на довербата кон американската администрација е тема за посебна приказна).
Целта на провокациите е конфронтацијата секој пат да се крене на ново ниво со нов пакет казни и нанесување штета. Искачувањето по скалата на ескалацијата, според замисленото, треба да доведе до директен конфликт меѓу оружените поранешни братски словенски земји, а потоа, во еден или друг формат, до конфликт Русија-НАТО со можен премин од локално на регионално ниво и со перспектива, колку тоа денес и да изгледа незамисливо, на глобален оружен судир, кога ќе почне одбројувањето до следниот проект.
За тоа веќе зборуваат експертите
Ако воопшто дојде до конфликт, најверојатно нема да личи на војните од претходните генерации. Не е толку важно во која од постојните воено-научни категории ќе биде ставен, ниту пак како ќе се нарекува таа војна – Трета, Четврта или некоја друга светска војна. Може да биде атомска или неатомска, ако на пример во оружените сили на САД до нејзиното почнување се појави ненуклеарното оружје наречено „Молскавичен глобален удар“, на чиј развој се работи во моментов, а чии карактеристики ќе овозможат во најкраток рок да се нанесуваат удари врз битни стратешки цели, што според разорното дејство ќе бидат еднакви на нуклеарно оружје, но без нуклеарното полнење и последици од нуклеарната експлозија.Во јули годинава, се појави публикација за која се претпоставува дека е „активна операција“ на една од руските специјални служби, која

Пронајдете не на следниве мрежи: